Цело МВР е „кренато на нозе“: Обиен полициски магацин и украдени се околу 50 разни бомби и друга запленета опрема

t

Во Охрид, во Полициска станица на Граничната полиција при Регионален центар Запад вчера попладнето обиен е магацин и извршена е кражба на околу 50-ина разни бомби и друга запленета опрема, неофицијално дознава Нетпрес од полициски извори.

Интересно е што според истите извори, во првичните изјави никој ниту видел, ниту слушнал нешто сомнително, иако сѐ се одвивало непосредно до полициската станица.

Изворите на Нетпрес наведуваат дека целото Министерство за внатрешни работи е „кренато на нозе“.

Утрово, според најавите, ќе се врши увид и ќе се утврдува што точно е изнесено од полицискиот магацин.

Извори од охрдиската полиција велат деја ека воопшто не се вршело обезбедување на магацините, и дека тоа било со аминување на Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Австралија побараа ограничено движење за…

Амбасадата на САД во Израел денеска им…

УКРАИНА СИГУРНО ЈА ГУБИ ВОЈНАТА? Првата линија…

Одложувањето на помошта од Запад значи и…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Моравија починал македонскиот…

На 19 април 885 година во Моравија…

Денеска е Свети рамноапостолен Методиј, архиепископ Моравски

Светиот рамноапостолен Методиј, учител словенски, и неговиот…

(Видео) Израел рано утринава го нападна Иран…

На социјалните мрежи се појавија видеа од…