Цел регион бара пченица од Вучиќ, меѓу нив и Македонија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по денешната средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сјарто изјави дека целиот регион од него бара пченица но оти тој мора да се грижи за своите граѓани.
Затоа, објасни Вучиќ, од утре ќе го запрат извозот на пченица и пченка се додека не се стабилизира состојбата предизвикана од војната во Украина.
Вкупното ниво на побарувачка што не можевме да го исполниме логистички е дека за еден ден имавме побарувачка за четвртина од нашите вкупни резерви, во регионот владее лудило за жито и цените отидоа на небо. Кога владата ќе процени дека сме сосема сигурни, можеме да дозволиме извоз, но мораме да мериме буквално секој ден, за да не се грижиме дали имаме доволно храна за домаќинството, па дури и за луѓето од околината. Затоа е преземена мерка да не се извезува пченица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода две лица во Скопје,…
На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје,…
Судир на две товарни возила во Битола,…
Вчера во 08.39 часот во полициска станица…
Крадец среде бел ден во Карпош сакал…
Министерството за внатрешни работи информира дека во…
Седлоски: Секој меч во втората полусезона ќе…
Македонскиот прволигаш Вардар ги започна подготовките за…
Познато кои се ќебапчилниците за кои Груби…
Вицепремиерот и прв човек во министерството за…