Седлоски: Секој меч во втората полусезона ќе биде како финале за Вардар
Македонскиот прволигаш Вардар ги започна подготовките за вториот дел од сезоната каде што го чека тешка борба за опстанок во Првата лига.
Тренерот Гоце Седлоски денеска кажа дека е свесен за предизвикот кој ги чека и останува да покажат дека Вардар во моментов не се наоѓа на местото на кое заслужува да биде.
„Секој натпревар во втората полусезона за нас ќе биде како финале. Ќе го нападнеме и трофејот во Купот. Потребни ни се уште два-три фудбалери во овој преоден рок за да го комплетираме составот. Ќе се обидеме да го кренеме Вардар на повисоко ниво, фокусирани сме и ќе дадеме сè од себе“, вели Седлоски.
Вардар по 18 одиграни кола се наоѓа на претпоследното место во лигата со 13 освоени бодови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија првпат е извршена трансплантација на…
Во Македонија првпат е извршена трансплантација на…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…
Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…