Цената на гасот падна под 500 долари за првпат од август 2021 година

t

Цените на гасот во холандската берза ТТФ денеска паднаа на 496,7 долари за илјада кубни метри, или 45,255 евра за мегават час за прв пат од 23 август 2021 година.

Според податоците на лондонската берза ICE, цените на гасот паднале за три отсто од почетокот на тргувањето, пренесува ТАСС.

Цената на гасот паѓа поради релативно потоплото време во регионот во оваа грејна сезона.

Во моментов, европските складишта за гас се полни 60,62 отсто, што е за 21,46 процентни поени повеќе од просекот во изминатите пет години, при што во нив се складирани вкупно 65,82 милијарди кубни метри гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…

Ова се новите цени на горивата од…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…