Цените на горивата пораснале за 70% за една година

Цените на горивата за една година пораснале за 70%, платите не пораснаа воопшто, затоа со СДСМ и ДУИ има сиромаштија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека во цо април 2020 година дизелот се продавал по цена од 46 денари, април 2021 година цената била 56 денари, а денес истиот се продава по цена од 75 денари, покачување од 63%.

-Драстичен раст има и кај цената на бензинот. Тој во април 2020 година се продавал по цена од 50 денари, април 2021 по цена од 69 денари, а денес по цена од 84.5 денари, што е покачување од скоро 70%. Горивата се клучна алка во голем број индустрии, цената на сите производи во голема мера зависи од нивната цена. Погодени се граѓаните, транспортерите, рударството, градежништвото, буквално сите дејности, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДСМ и ДУИ има сиромаштија. Со СДСМ и ДУИ нема да има решение на кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
За комитите од ДПМНЕ Илирида не е…
На денешната собраниска седница, владејачкото мнозинство си…
ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…
Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…
Мицкоски си најде оправдување: Нема да има…
На претстојните локални избори кои треба да…
ПОЛА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ НА ЕДНА ФИРМА!…
34 милиони и 220 илјади денари ќе…