СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

t

Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија, реагираат денеска од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

– За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.

Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.

Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.

На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.

Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.

Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.

Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.

Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.

Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…

Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…

СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…

СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…