Ценовен шок по укинување на мерките – поскапувања до 20%, синдикалната кошница поскапа за 1.000 денари за неколку дена

По укинувањето на владините мерки за замрзнати цени и маржи, во маркетите се бележат значителни поскапувања – од 10 до 20% на основните прехранбени производи како месо, млеко, сирење, ориз, кафе, но и на хигиенски средства и овошје. Црешите достигнаа цена од 1.359 денари за килограм, а лубеницата 219 денари.
Сојузот на синдикатите алармира – синдикалната кошница е поскапена за 1.000 денари за само неколку дена. Бараат итно зголемување на платите и нови мерки од Владата. Министерот за економија Бесар Дурмиши најави можни поригорозни мерки ако се утврди покачување на цените над 15-20%. Државниот пазарен инспекторат треба да достави податоци врз кои ќе се делува. Сè уште не е објавена новата вредност на потрошувачката кошничка, која отсега ќе се мери за тричлено домаќинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Слаб е ефектот од декемвриската кошничка
Разочарувачки се ефектите од новогодишната акција, тврди…