Центар за јавно здравје – Прилеп: Водата во Преглово и Пласница е неисправна за пиење

t

Водата од водоводната мрежа во населените места Преглово и Пласница е здравствено неисправна и не смее да се користи за пиење без претходно зовривање од најмалку 10 минути.

Ова го покажаа најновите анализи и стручни мислења од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп.

Според официјалните извештаи од тестирањата извршени на 24 јули 2026 година, микробиолошките анализи на мострите земени на 14 јули покажале сериозни отстапувања од безбедносните стандарди.

Кај мерното место во село Преглово (здравствена станица, Лаб. број: 1017/2026) е утврдено присуство на бактерии од цревно потекло, зголемен број колонии бактерии на 37°C и целосно отсуство на резидуален хлор (0,00 mg/l).

Препораката за ова место е задолжително вриење на водата од најмалку 10 минути и изнаоѓање техничко решение за редовна дезинфекција.

Кај мерното место во село Пласница (продавница, Лаб. број: 1015/2026), покрај цревните бактерии и отсуството на хлор (0,00 mg/l), констатирана е и зголемена матичност и покачени органски материи.

За Пласница се нагласува дека е неопходно итно механичко чистење на резервоарот, евентуално санирање на каптажата, хиперхлорирање на мрежата и изработка на техничко решение за дезинфекција.

Стручните мислења се потпишани од раководителот на Одделението за хигиена со здравствена екологија при ЦЈЗ Прилеп, д-р Петар Оханесјан, кој апелира до надлежните комунални служби и локалната самоуправа за итна интервенција.

Граѓаните од овие населени места се предупредуваат да бидат исклучително внимателни и стриктно да се придржуваат до упатствата сè додека не се потврди целосната безбедност со нови анализи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центар за јавно здравје – Прилеп: Водата…

Водата од водоводната мрежа во населените места…

Клековски на средба со матичните лекари: Се…

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа…

Утре бесплатен панорамски разглед на Скопје, еве…

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што…

Трамп ќе се обрати на вечерата на…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе одржи…

Дилала амфетамин низ Битола: Полицијата уапси 37-годишна…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Б.С.(37)…