Утре бесплатен панорамски разглед на Скопје, еве каде да се пријавите

t

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје утре организира бесплатен панорамски разглед на градот.

Како што информираат од градските власти, разгледот ќе се реализира со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници.

Граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, како и да ги откријат приказните за разрушените објекти кои го обликувале тогашниот дух на градот.

„Поаѓањето е од Порта „Македонија“, во 10:00 часот. Заинтересираните граѓани за бесплатниот панорамски разглед ќе можат да се пријавуваат на телефонскиот број: +389 71 250 419. Да се потсетиме на минатото, да ја чуваме меморијата на Скопје и да ја пренесуваме неговата приказна на идните генерации – посочуваат од Град Скопје.“

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани навремено да го резервираат своето место за утрешната тура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…

Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…

Објавата на Топ ченел има политичка заднина…

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…

Москва oд Абу Даби: НАТО да се…

Русија го покрена прашањето за враќање на…

ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…

На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…