ЦИА: Ковид-19 сепак, излегол од лабораторија
Централната разузнавачка агенција проценува дека пандемијата на ковид-19 во 2019 година поверојатно се проширила од лабораторија за вируси отколку од пазар за животни во кинескиот град Вухан.
ЦИА пет години наведуваше дека врз основа на собраните докази не може прецизно да се заклучи дали жариштето било предизвикано од инцидент во лабораторија или вирусот случајно прескокнал од заразено диво животно врз луѓе на пазарот во Вухан. Разузнувачите не можеа да го потврдат тврдењето на претседателот Доналд Трамп во 2020 година дека вирусот „намерно бил пуштен од Кина“.
Пред крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден, шефот на ЦИА Вилијам Барнс побарал од аналитичарите и стручните лица во агенцијата да направат порешителен заклучок, поради „историската важност на пандемијата“. Извори од агенцијата во саботата неофицијално истакнале дека заклучокот е дека вирусот поверојатно се проширил од лабораторија отколку од пазар.
Кинеските власти упорно тврдат дека ги поддржуваат истрагите за утврдување на потеклото на вирусот ковид-19, но го обвинуваат Вашингтон дека настојува да го политизира проблемот. Кинеските власти, исто така, со години тврдат дека „нема кредибилитет“ претпоставката дека вирусот се проширил од лабораторија.
Новиот шеф на ЦИА, Џон Ретклиф, во првото интервју откако Сенатот му го потврди мандатот, изјави дека меѓу приоритетите на агенцијата ќе биде да ги објави своите заклучоци за потеклото на пандемијата на ковид-19.
– Нашите разузнавачи, нашата наука, нашиот здрав разум укажува дека потеклото на ковид-19 било протекување од лабораториите на Институтот за вирологија во Вухан – изјави Ретклиф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва под сомнеж дека му помогнала на…
Американските разузнавачки аналитичари истражуваат дали Русија му…
ЦИА против сопственото разузнавање за Ковидот: Ренд…
Сенаторот Ренд Пол, по сослушувањето во Комитетот…
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
ФБИ пронашол милиони во злато, пари и…
Поранешниот висок функционер на ЦИА, Дејвид Раш,…
Директорот на ЦИА нуди 100 милиони долари…
Во разговор со кубанските лидери во Хавана,…