Ципрас позитивен на Ковид-19

t

Лидерот на грчката опозиција и претседател на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид-19.

Тој на „Твитер“ напиша дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни, објави „Катимерини“.

„За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав“, напиша Ципрас.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му посака среќа и брзо закрепнување на претседателот на Сириза.

Ципрас прими бустер доза од вакцината против коронавирус на 13 ноември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци ги засилија протестите

Блокадите на патиштата, автопатите и граничните премини…

Грчки европратеник суспендиран од неговата партија бидејќи…

Грчкиот европратеник Никос Папас е суспендиран од…

Синдикатот на вработените во државниот сектор во…

– Синдикатот на вработените во државниот сектор…

На грчки брод откриени неколку тони кокаин

Најмалку пет лица се уапсени на грчки…

Грчките земјоделци продолжуваат со блокади: Затворени Евзони…

Граничниот премин Евзони кон Македонија денеска повторно…