На грчки брод откриени неколку тони кокаин
Најмалку пет лица се уапсени на грчки брод додека пловел во Атлантскиот океан, во сопственост на познат грчки наркобос, а откриена е поголемо количество кокаин што може да достигне и до над пет тони, јави дописничката на МИА од Атина.
Полициската истрага е во тек и засега не постојат официјални информации, но според медиумите акцијата била спроведена од Секторот за борба против дрога на грчката полиција и во соработка Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).
Бродот тргнал од Грција за Латинска Америка, каде што била преземена дрогата и се вратил кон Европа, бил откриен во близина на Атлантскиот Океан и според медиумите веќе два дена со помош на француската морнарица се извлекува кон францускиот брег.
Уапсени се пет лица на неколку локации во Грција, а меѓу уапсените, според првичните информации е и познат грчки наркобос.
Дополнително, уапсени биле и членовите на екипажот.
Првичните неофицијални информации во Грција утрово беа дека бил запленет над еден тон кокаин, но во тек било мерењето и количината може да достигне до пет или повеќе тони
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…