Објавено на:

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка сила“ пред изборите во Грција

t

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално ја претстави својата нова политичка партија – Грчки левичарски сојуз (ЕЛАС), порачувајќи дека станува збор за почеток на „нова политичка сила“ која има цел не само да донесе промена на власта, туку и промена на политиките во Грција.

На митингот што се одржа во центарот на Атина, во историската населба Тисио, со Акропол во позадина, Ципрас истакна дека „дојде денот“ за создавање ново општествено мнозинство.

Во обраќањето, тој ги претстави седумте основни заложби на новата партија: живот со достоинство, силна демократија и економија, праведен развој, социјална држава, дигитален суверенитет и силна Грција која гради мостови на мирот.

– Основачката декларација што вечерва ја држам во раце е нашиот компас за нова Грција. Компас кон нова визија. Демократски план за 21 век. Кон моралната револуција што ѝ е потребна на татковината. И кон нов патриотизам, нераскинливо поврзан со општествената правда. Патриотизам што ја брани демократијата и нејзиното продлабочување во сите сфери на власта и општеството – истакна Ципрас.

Тој нагласи дека новата партија претставува почеток на поширок колективен проект за создавање голема прогресивна коалиција, која би ги обединила трите историски струи на современата левица – радикалната левица, социјалдемократијата и политичката екологија.

Според него, токму оваа коалиција треба да ја претставува „владејачката левица на новата ера“.

Ципрас се осврна и на симболиката на партиските бои, откривајќи дека тие се инспирирани од спортскиот клуб Барселона – сина и црвена.

Како што претходно објави и на социјалните мрежи, сината боја ја симболизира Грција, додека црвената, според него, ги претставува нивните борби.

Поранешниот премиер 15 години беше лидер на СИРИЗА, а од јануари 2015 до јули 2019 година ја предводеше грчката влада.

По убедливиот изборен пораз пред три години, кога СИРИЗА загуби од владејачката Нова демократија со повеќе од 20 процентни поени разлика, Ципрас поднесе оставка од лидерската функција во партијата. Сепак, остана пратеник до октомври 2025 година, кога се повлече и од парламентот.

Сега, во пресрет на парламентарните избори во Грција што треба да се одржат следната година, Ципрас повторно се враќа на политичката сцена – овојпат со нова партија и нов политички проект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Георгиевски: Бугарија непотребно си го навлекува гневот…

Поранешниот премиер на Македонија и лидер на…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…