„Циркуз изјава“, „кај ви се сегашните“, „нема истрага за тие од ДПМНЕ“ – Народот во коментари си кажа колку им верува и на ОЈО и на МВР!

Дали граѓаните се уверени во изјавите на републичкиот обвинител Коцевски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, покажаа во коментари за време на прес-конференцијата и тоа на официјалната Фејсбук страница на МВР.
– Во текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ за нови 19 лица. Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од нив, за 4 осомничени е предложена мерка притвор, за 7 осомничени мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување комуникација, додека за уште 7 се предложени мерки за претпазливост. Еден осомничен во моментот на отворање на истрагата беше надвор од државата.
Во изминатиот период, обвинителскиот тим кој е проширен на вкупно 13 јавни обвинители интензивно постапуваше и испитуваше повеќе линии на одговорност за пожарот во кој за жал животот го загубија 61 лице, меѓу кои шест деца, а беа повредени уште 197 лица од кои 25 деца.
Покрај оние за кои постои сомненија за директна одговорност како сопственици, управители, организатори на забавата, обезбедување во клубот на критичната ноќ и корисници на пиротехничките средства, се истражува одговорноста и на сите институции и службени лица кои со своите незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабарето ПУЛС во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. – објасни Коцевски.
Во продолжение коментарите од Фејсбук.
















ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…