Црн чад над Прилеп, гори под Маркови Кули
Пожар попладнево избувна во подножјето на Маркови Кули кај Прилеп, од каде што над градот се шири густ црн чад.
Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица Прилеп, гори дивата депонија во месноста „Текето“, на улицата „Дебрца“. На терен веднаш излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило, а подготвени се дополнителни екипи доколку огнот продолжи да се шири.
Од пожарникарската единица предупредуваат дека постои опасност пожарот од депонијата да се префрли кон ридот и поширокото подрачје на Маркови Кули.
Засега нема информации за повредени лица или за загрозени објекти. Не е позната ниту причината за избувнувањето на пожарот. Првите снимки од Прилеп покажуваат голем облак од густ чад што се издига од подножјето на локалитетот.
Пожарот избувнал по утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи, според кој до 8 часот денеска во државата немало активни пожари. Во претходното деноноќие биле регистрирани 30 пожари на отворено, од кои 29 биле изгаснати, а еден ставен под контрола.
Надлежните апелираат граѓаните да не се приближуваат до зафатеното подрачје и да не ја попречуваат интервенцијата на пожарникарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црн чад над Прилеп, гори под Маркови…
Пожар попладнево избувна во подножјето на Маркови…
Порака од Москва: Русија е подготвена за…
Москва не се откажува од преговорите со…
Британец осуден бидејќи речиси три години го…
Британец е осуден на две години и…
ДЗС: Три цистерни со вода денеска се…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
(Видео) Романија минира дел од Дунав за…
Романската армија започна операција за минирање карпи…