Објавено на:

(Видео) Романија минира дел од Дунав за да ја спаси нуклеарната електрана

t

Романската армија започна операција за минирање карпи во коритото на Дунав со цел да го пренасочи текот на реката кон нуклеарната електрана „Чернавода“ и да обезбеди доволно вода за ладење на реакторите.

Акцијата е преземена поради рекордно нискиот водостој на Дунав, но првите две експлозии не ги дале очекуваните резултати, бидејќи карпите се покажале поцврсти отколку што процениле воените инженери. Во моментов нуркачи ја испитуваат локацијата, а за денеска е планиран нов обид со посилно експлозивно полнење.

Во операцијата учествуваат повеќе од сто војници. Прво била изведена тест-експлозија со два килограма експлозив кај карпата Парјоаја, а потоа и детонација со 30 килограми експлозив на длабочина од шест метри во ракавецот Бала.

Целта е дел од водата да се пренасочи кон ракавецот Стари Дунав, кој директно ја снабдува нуклеарната централа „Чернавода“. Жителите во околината биле навреме известени за планираните експлозии.

Планот предвидува и потопување четири баржи натоварени со околу 500 тони камен за да се формира пречка што ќе го насочи водниот тек кон потребниот канал. Од државната агенција „Апеле Романе“ предупредуваат дека операцијата е исклучително сложена и дека успехот не е загарантиран. За проектот Владата одобрила седум милиони леи, односно околу 1,55 милиони долари.

Сушата создава сериозни проблеми и во енергетскиот сектор. Протокот на Дунав кај влезот во Романија е намален на само 1.590 кубни метри во секунда, додека просекот изнесува околу 4.700 кубни метри.

Поради ризик од недостиг на електрична енергија, романското Министерство за енергетика одржа итен состанок и ги повика големите индустриски потрошувачи да го префрлат производството во дневните часови. Доколку состојбата дополнително се влоши, Владата најави дека може да воведе и задолжителни ограничувања за дел од компаниите.

Романија веќе на 28 јули беше принудена привремено да го исклучи првиот реактор на нуклеарната електрана „Чернавода“ поради екстремно нискиот водостој на Дунав.

Со слични проблеми се соочува и Унгарија, каде што нискиот водостој на реката доведе до прекин на работата на нуклеарната електрана „Пакш“, што дополнително ги зголеми стравувањата од енергетска криза во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Романија минира дел од Дунав за…

Романската армија започна операција за минирање карпи…

За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно…

Во текот на изминатиот викенд, од 31…

Фон дер Лајен го пофали Санчез за…

Урсула фон дер Лајен го пофали Педро…

Во Црна гора за викендот влегле повеќе…

Во текот на изминатиот викенд, на граничните…

Иран го демантираше Трамп: Нема нови преговори…

Иран ги отфрли тврдењата на американскиот претседател…