ЦУК: Вчера изгаснати четири пожари на отворено, активен пожарот во општина Дебар

t

Противпожарните тимови во текот на вчерашниот ден интервенирале на пет пожари на отворен простор, од кои до утрово се уште еден се води како активен. Тоа е пожарот во општина Дебар, кај месноста „Красница“, во реонот на село Гари, на планината Стогово.

Противпожарните тимови во текот на вчерашниот ден интервенирале на пет пожари на отворен простор, од кои до утрово се уште еден се води како активен. Тоа е пожарот во општина Дебар, кај месноста „Красница“, во реонот на село Гари, на планината Стогово.

Како што соопшти ЦУК, вчера околу 12:45 часот преку единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е добиена дојава за пожарот.

Од Регионалниот ЦУК Дебар стапиле во контакт со ТППЕ Дебар и ЈП „Национални шуми“ – подружница „Стогово“ од Дебар, како и со жители кои живеат во непосредна близина на местото каде што е забележан пожарот.  Притоа добиле известување дека пожарот е на тешко пристапен терен и нема опасност за негово проширување.

ЈП „Национални шуми“ – подружница „Стогово“ од Дебар соопштиле дека во текот на вчерашниот ден не било можно да се интервенира, а во текот на денешниот ден ќе испратат екипа на терен.

Во изгаснатите четири пожари на отворено, горела ниска вегетација. Тие биле во: Општина Могила, кај село Ивањевци, Општина Долнени, меѓу селата Дебреште и Лажани, Општина Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане и во Општина Боговиње во атарот на село Урвич. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…

(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…

(Видео) Ангелов им додели благодарници на странските…

Синоќа (петок, 19.07.2024), на храбрите пилоти од…

И денес гори депонијата во Делчево, активен…

Регионалниот ЦУК Штип информира дека ЈКП „Брегалница“…

Градоначалникот на Струмица заврши на инфузија, вдишал…

Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, вчера завршил на…