ЦУК и ДПД Струмица потпишаа Меморандум за соработка
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЦУК и ДПД Струмица
Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, и претседателот на Доброволното противпожарно друштво – Струмица, Митко Димчев, потпишаа Меморандум за соработка со кој се зацврстува институционалната и теренската соработка во справувањето со кризи и елементарни непогоди., пишуваат во Фјесбук објавата на прифилот на Центарот за управување со кризи
Меморандумот предвидува заеднички активности во областа на превенцијата, раното предупредување и одговорот при пожари, поплави и други елементарни непогоди. Притоа, посебен акцент е ставен на унапредување на комуникацијата, подобра координација на институциите и вклучување на волонтери во системот на заштита и спасување.
Соработката има за цел зголемување на јавната свест за важноста на превентивните мерки, обезбедување на опрема и услови за поефикасно делување на терен, како и организирање едукативни активности и обуки за граѓаните и волонтерите со цел поголема подготвеност во справување со кризни ситуации.
Овој меморандум претставува значаен чекор кон создавање посилен и поефикасен систем на заштита, со конечна цел – зголемена безбедност на граѓаните и заштита на животната средина. , пишува во објавата на Фејсбук профилот на ЦУК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК и ДПД Струмица потпишаа Меморандум за…
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЦУК и…
Нетанјаху: Премиерот на Австралија е слаб политичар…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го обвини…
Поволен момент за завршување на украинскиот конфликт:…
Вчерашниот состанок на европските лидери со американскиот…
ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПОВТОРНО ПАЃААТ, по разговорите…
Цените на суровата нафта денес се намалија…
Се чисти коритото на реката Вардар во…
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска…