Се чисти коритото на реката Вардар во центарот на Скопје
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска започнаа со машинско чистење на коритото на Вардар во централното градско подрачје. Конечно, после многу реакции во јавноста, се чисти делот кај галиите, каде, како што информираат од претпријатието, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на реката Вардар.
Оттаму велат дека активностите се спроведуваат согласно Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2025година, а по налог на Град Скопје.
Екипите изминатиот период тековно ги извршуваат активностите со рачното отстранување на нискостеблестата вегетација од косините на реката. Рачното чистење продолжува да се извршува и во наредниот период согласно планот за работа и по налог на Град Скопје, велат од „Улици и патишта“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…