ЦУК: Отстранета опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско

t

Отстранета е опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

– Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино, кај село Пепелиште и од поголемо локално поплавување. Практично, пријавената опасност беше резултат од нанесените гранки и дрва, што беа како своевидна брана, на столбовите од мостот од надојдената вода на реката, појаснија од Центарот.

Регионалниот ЦУК Неготино известил дека од страна на водостопанство АД „Тиквеш“, подружница Кавадарци, вчера било извршено чистење и отстранување на дрвната маса и друга вегетација од бетонските столбови на мостот на реката Вардар, од патниот правец Неготино – Штип, близу село Пепелиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

Жена од Росоман почина од западнонилска треска

Жена од Росоман е единаесеттата жртва на…

Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа…

Голема трагедија го потресе Пакистан откако се…

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ 2000 РАБОТНИ МЕСТА: Во…

Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ планира нова…

Над 1.400 луѓе во Македонија ќе гласаат…

Во Македонија се пријавиле 1.438 луѓе за…