Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ да си оди

Група од 25 членови на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) испратија јавен апел со кој бараат оставка од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој според нив, е одговорен за „системскиот колапс на клучните демократски, институционални и социјални темели на државата“, објави „Данас“.
„Бараме оставка не од политички причини, туку од морални причини, поради нашата одговорност кон граѓаните и иднината на Србија. Ниту една индивидуа не смее да го загрозува демократскиот поредок и интересите на државата поради лична или партиска моќ“, соопшти САНУ.
Во соопштението се укажува на бројни проблеми што го загрозуваат правниот и општествениот поредок: манипулација на изборниот процес преку купување гласови и злоупотреба на државни ресурси, контрола врз судството, потиснување на слободата на медиумите, злоупотреба на јавната служба за пропагандни цели, како и прекумерно задолжување на државата без јавна дебата и контрола.
Академиците, исто така, укажуваат на прикривањето на криминалните работи, широко распространетата корупција, нетранспарентноста во работата на државните органи и систематскиот колапс на основните општествени столбови како што се образованието, здравството, науката, културата и уметноста.
Во време на растечка социјална поларизација и длабока институционална криза, членовите на Академијата сметаат дека оставката на претседателот Вучиќ е единствениот начин да се отвори простор за дијалог, да се обноват институциите и да се врати довербата на граѓаните во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…