Чепреганов: Бугарија сака да признаеме дека сме биле жртви на Тито и дека тука се водела братоубиствена војна

t

Ако македонските власти не прифатат дека тука имало фашистичка окупација тогаш ќе излезе дека во Македонија се случувала братоубиствена војна на идеолошко ниво, меѓу фашисти и комунисти. Така ќе излезе дека тука само имало бугарска администрација, вели историчарот Тодор Чепреганов во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.

Чепреганов вели дека голем број ликови од фашистичкото минато на Бугарија се рехабилитирани како жртви на комунизмот.

-Тие сега тоа го бараат и од нас и ние да признаеме дека сме биле жртви на Тито и се водела братоубиствена војна. Тие сметаат дека во училиштата не смее да се учи дека бугарската држава била фашистичка. Тие настојуваат да дојдат странци затоа што така најлесно ќе можат да го постигнат она што го посакуваат. Историјата на Македонија најдобро ја познаваат македонските историчари, вели Чепреганов.

Според Чепреганов, став на македонски политичар треба да биде дека од Македонец не бива ни Грк ни Бугарин.

-Точно е дека дел од војските на Бугарија на крајот од Втора светска војна учествувале во ослободувањето на Македонија, но тоа биле мали чети и со дозвола на генерал Михајло Апостолски. Апостолски е генерал кој од необучен народ успеал да создаде стоилјадна војска и тоа е редок пример во историјата, вели Чепреганов.

Македонското прашање било болна точка во Европа. Така било и за време на Версајскиот договор со кој се сметало дека е завршено прашањето со Македонците. Македонија е единствена земја на Балканот која немала свој спонзор од странските, големи сили. Оваа територија е оставена како бафер за големите сили да имаат каде да се судираат, вели Чепреганов.

-Македонците се бореле за обединување. Тоа се случувало и во Северна Грција, по што Македонците се протерани оттаму. Така не се дозволило формирање на голема Македонија, туку Македонија потпаднала под Југославија како што претходно била дел од кралството СХС како Вардарска бановина, а името Македонија не се споменува, вели Чепреганов.

Тој потсетува дека на АСНОМ се собрале Македонци од сите политички провиниенции и така е формирана Македонија. Сите биле водени од каузата, вели Чепреганов и додава дека ние денес ја имаме загубено каузата и не интересира само економскиот аспект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…