Честито: Цената на гасот падна под 50 евра, Македонија се уште купува гас по фиксна цена
Цените на гасот во Европа падна под 50 евра за мегават, Македонија плаќа двојно повеќе. За прв пат по 18 месеци, природниот гас се продава за 49 евра – што е знак дека ќе се избегне енергетската криза, но и рецесијата. Невообичаеното топло време, полните резерви на складиштата поради рекордниот увоз на течен природен гас од Норвешка, САД и Катар, доводоа до пад на цената.
– Намалената побарувачка од една страна и зголемената понуда од друга страна, како и одржување на резервите на складиштата на задоволително ниво, не може да доведе до ништо друго, освен до пад на цената на гасот.
За разлика од Европа, земјава преку ЕСМ, гас купува по фиксна цена за која плаќа по скоро 100 евра за мегават час или точно 98,7 евра. Бидејќи берзанските цени од јануари паѓаат, а ЕСМ договорот со бугарската фирма Балкан Јутилити го склучува на месечно ниво, само претходниот месец државата по овој основ плати 1,1 милион евра повеќе. И за февруари со истата фирма склучи ист договор – со фиксна цена, која е два пати повисока од берзанската. Колку дополнително ќе плаќа државата само за разликата во цена – не се открива. Од ЕСМ без одговор дали поради пониските берзански цени ќе ги смени правилата за набавките во март или ќе продолжи да плаќа енормни суми, само за да има сигурна испорака.
Инаку, цените на гасот на светските берзи бележат постојан пад. Во последните 6 месеци цената падна за над 15%, отако беше постигната највисока вредност во август лани. Просекот за цела година пак, покажува пад на цените за 42 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструм од Струмица силувал 12-годишно девојче
На 23.11.2026 во Струмица, полициски службеници од…
Младите брачни парови до 35 години ќе…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…
Костовски: Барам одговори зошто НБРМ не ја…
На денешната надзорна расправа за АЛТА банка…
(Видео) Откажан протестот за кравите во Крива…
Општина Крива Паланка, ја поздравува информацијата за…
Битолчани тепале маж додека го држел малолетното…
Во охридското село Пештани, три лица од…