Четворица криволовци биле фатени на дело со незаконски уловеното животно во нивното возило

t

Четворица жители на селото Житоше се приведени и против нив ќе биде поведена постапка, откако во нивното возило биле фатени со бесправно уловено животно.

На 28.12.2021 во 00:45 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од село Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. При контрола во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., а останатите лица била сопатници, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и застрелано диво животно – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Штип: Масовна тепачка поради недоразбирање…

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Т.(21),…

Хаос на Блаце: Се обиделе да бегаат…

Километарски колони се формирани на граничниот премин…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Големо полициско присуство и блокиран сообраќај…

Вечерва е забележано големо присуство на полицијата,…