Четири активни пожари и четири под контрола, за 24 часа горело на 33 места низ Македонија
На ден 23/24.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати.
Активни пожари – 4:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума;
Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки;
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума;
Општина Гостивар – с. Горна Ѓоновица, ниска вегетација.
Пожари под контрола – 4:
Општина Илинден – с. Илинден, ниска вегетација и стрниште;
Општина Делчево – с. Бигла, борова шума;
Општина Јегуновце – с. Туденце, ниска вегетација;
Општина Врапчиште – с. Ломница и с. Ѓерѓевиште, мешана шума.
Изгаснати пожари – 25:
Општина Студеничани – с. Цветово, стариот пат кон Елово, ниска вегетација и ниска шума;
Општина Бутел – с. Визбегово, опожарен отпаден материјал;
Општина Петровец – атарите на с. Горно Коњаре, с. Вице и с. Сушица, нискостеблеста шума и ниска вегетација;
Општина Берово – м.в. Маначија, ниска вегетација;
Општина Берово – с. Црник, м.в. „Обајата“, борова шума;
Општина Кичево – с. Колари, стрниште и нискостеблеста шума;
Општина Кичево – с. Зајас, стрниште;
Општина Струга – Струшко Поле, ниска вегетација;
Општина Битола – обиколница, кај тунелот, ниска вегетација;
Општина Прилеп – с. Веселчани, ниска вегетација;
Општина Прилеп – с. Бонче, сува трева и нискостеблести растенија;
Општина Прилеп – с. Лопатица, ниска вегетација;
Општина Кривогаштани – атарите на с. Подвис и с. Локвени, ниска вегетација и стрниште;
Општина Росоман – с. Сирково, ниска вегетација, трње и суви лозови гранки;
Општина Велес – нас. Речани, ниска вегетација;
Општина Теарце – с. Слатино, ниска вегетација;
Општина Теарце – Теарце, депонија;
Општина Тетово – градот Тетово, ниска вегетација;
Општина Желино – с. Стримница, ниска вегетација;
Општина Јегуновце – с. Копанце и с. Туденце, ниска вегетација;
Општина Желино – с. Церово, шумски пожар;
Општина Врапчиште – с. Церово, шумски пожар;
Општина Липково – с. Ропалце, ниска вегетација;
Општина Липково – с. Матејче, ниска вегетација;
Општина Куманово – с. Винице, ниска вегетација, шума и објекти – куќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири активни пожари и четири под контрола,…
На ден 23/24.08.2026 година, до 07:30 часот,…
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…