Четири грешки во две реченици во писмото со кое „Вазраждане“ го поднесе предлог-законот за бугарскиот јазик
Бугарската партија „Вазраждане“ поднесе предлог-закон за бугарскиот јазик, а филолози консултирани од бугарскиот портал „Офњуз“ посочија дека само во двете реченици од придружното писмо има четири јазични грешки. Тие забележале две неправилно поставени запирки, една погрешно употребена црта и формулацијата „законопроект на закона“.
Во самиот предлог-закон, кој има 27 члена, филолозите посочиле најмалку 13 правописни и интерпункциски грешки, како и повеќе од 20 стилски и други недоследности. Како пример го издвоиле членот 4, во кој се вели дека и усните и писмените изрази „се испишуваат“ на бугарски литературен јазик. Во истата одредба, зборот „български“ е напишан со вишок буква, како „българскси“.
Забелешките се однесуваат и на одредбите со кои се предлага воведување државен стандард за „бугарската форма на кирилицата“. Според филолозите, во текстот не е прецизирано како ќе изгледа таа форма, односно кои облици на буквите ќе ги пропишува стандардот.
Предлогот предвидува ограничување на употребата на странски јазици на натписи, табели, униформи и возила, со можност бугарските називи да се пренесат на латиница. „Офњуз“ ја оспорува и прелиминарната оценка дека финансиското влијание ќе биде минимално, посочувајќи дека примената на одредбите би можела да наложи замена на голем број постојни табели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири грешки во две реченици во писмото…
Бугарската партија „Вазраждане“ поднесе предлог-закон за бугарскиот…
Студентската листа најави делегација во Москва за…
Радомир Саичиќ од српската Студентска листа најави…
Експлозија на јахта на Халкидики: Повредено е…
При експлозија на јахта под бугарско знаме…
Британски Телеграф: Трамп има порака за Европа
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на…
Протести во Берлин: Не сакаме да гинеме…
Учесниците на младинскиот протест во Берлин, кои…