Чешката влада потпиша договор со САД за купување на 24 борбени авиони Ф-35

t

Чешката влада постигна договор со САД за набавка на 24 американски борбени авиони Ф-35 како дел од договорот вреден околу 150 милијарди чешки круни (6,6 милијарди долари). Тоа е најголемата нарачка за набавка на воена опрема во историјата на чешката армија.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова и американскиот амбасадор Бијан Сабет потпишаа меморандум за соработка во врска со договорот. Чешката Република, исто така, потпиша писмо со кое ја прифаќа понудата на Вашингтон, што е последен чекор пред финализирање на договорот меѓу владите, соопшти чешкото Министерство за одбрана.

Чешката влада го одобри договорот во септември.

Првиот од 24-те авиони се очекува да биде испорачан во 2031 година, а останатите во 2035 година.

Чесите ќе им платат на САД речиси пет милијарди долари за авиони, обука на пилоти, муниција и други трошоци, прецизираше претходно Чернохова. Остатокот од парите од договорот ќе одат за реновирање на воздухопловната база Часлав во Централна Чешка, гориво и обука на персоналот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовски до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте против…

Ако сте против Преспанскиот договор имате 80…

Постојаната претставничка на САД во НАТО ѝ…

Самитот на НАТО во јули во Вашингтон,…

Унгарија нема да обучува украински војници –…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Столтенберг: Услов за членство во НАТО е…

Членките на НАТО на самитот на Алијансата…

Германскиот МНР: До 2029 година Русија ќе…

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави…