Објавено на:

Членките на НАТО кои се соседи со Русија ќе градат „ѕид од беспилотни летала“

t

Шест земји членки на НАТО, кои се соседи на Русија, се согласија да подигнат „ѕид од дронови“ за да ги бранат своите граници од „провокации“, објави литванската влада.

„Тоа е сосема нова работа, ѕид од дронови што се протега од Норвешка до Полска. Целта е да се користат беспилотни летала и други технологии за заштита на нашите граници“, изјави литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите.

Таа го изјави ова по разговорите со колегите од другите балтички земји, Естонија и Латвија, како и Финска, Норвешка и Полска.

„Не се работи само за физичка инфраструктура, системи за надзор, туку и за беспилотни летала и други технологии, кои ќе ни овозможат да се заштитиме од провокации од непријателски земји и да го спречиме шверцот“, додаде таа.

Покрај распоредувањето на дронови за следење на границата, овие земји би користеле системи за пресретнување на непријателски беспилотни летала.

Литванската министерка не спомна временска рамка за проектот, кој беше одобрен поради актуелните безбедносни грижи во регионот во време на руската војна во Украина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што потпишаа Путин и Ким: Кој ја…

Договорот за сеопфатно стратешко партнерство што го…

Рускиот заменик МНР: Украина никогаш нема да…

Украина никогаш нема да влезе во Северноатлантската…

Путин: Русија се бори против децениска „хегемонистичка…

Русија се бори против децениска „хегемонистичка и…

Руските нуклеарни подморници испукаа „Калибри“ и „Гранит“…

Нуклеарните подморници Северодвинск и Орао од руската…

Русија потврди: И вториот авион А-50У е…

Московскиот суд издаде налог за апсење на…