Членовите на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Мицкоски и демократизација на партијата

t

Соопштение за јавноста од внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што сите во ВМРО-ДПМНЕ одамна го знаеја, а подопашните пропагандни слуги на Христијан Мицкоски вешто го затскриваа и не дозволуваа да допре до јавноста, го соопшти Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Со директниот апел до граѓаните да не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за првпат еден официјален претставник на американската администрација, јасно и без ракавици го таргетираше Христијан Мицкоски како човек кој ја доведува во прашање европската иднина на Македонија.

Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, вели помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

Фракцијата за ревитализација и демократизација во ВМРО -ДПМНЕ апелира до сите партиски членови освен клиентелистичката камарила на Мицкоски, во име на прокламираните начела на партијата како демокрарска и прозападна партија, да ја осудат погубната политика на Мицкоски и неговите послушници, која од нашата партија ВМРО – ДПМНЕ прават личен феуд, изолиран од нашите стратешки партнери САД и ЕУ.

Сметаме дека единствен излез од идентитетскиот ќорсокак во кој не вовлече најнеспособниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ од основањето до денес е негова смена и формирање на привремено раководно тело во кое нема да бидат вклучени членови на неговата клиентелистичка камарила, кое тело ќе ја врати довербата на членството и граѓаните кон партијата, ќе ги нормализира односите со САД и ЕУ и ќе ја подготви партијата за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови на ВМРО-ДПМНЕ отворено и недвосмислено да застанат зад демократските цели на внатрепартиската фракција и со свој придонес влијаат врз демократизацијата и ревирализацијата на партијата, “веднаш и во овој час”.

Секој нов час со Мицкоски на чело на ВМРО – ДПМНЕ, ќе претставува катастрофа на партијата и тежок удар врз членството и политичкиот живот во Македонија воопшто !

Оддел за информирање и комуникации со јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…