Чулев: Почитувани колеги, не дозволувајте партиските директиви да бидат основата по која ќе ги извршувате вашите работни обврски и задачи

t

На Фејсбук се обрати и поранешниот технички министер Наќе Чулев.

,,Се наоѓаме во период на зголемени политички притисоци пред се врз полициските службеници, но и врз другите припадници на безбедносните служби. Дел од нив се во првите редови на протестите и заедно со нив секојдневно протестираме, а друг дел по службена должност се од другата страна на металните огради.
Оние вторите со потешка задача и поголема одговорност ги повикуваме да останат до крај професионални и да се придржуваат до законот. Најголемиот дел од полициските службеници се патриоти кои ја сакаат државата и нив душата ги боли за она што се случува во Македонија.

Инфилтрираните провокатори, провокативни легитимирања, уцени, закани, прекумерна употреба на брутална сила и друго се само дел од modusot operandi на овој хибриден режим во насока на модерирање на гневот на граѓаните особено на младите протестанти и предизвикување на инциденти и ескалација на протестот со крајна цел дискредитација и угушување на сенародниот граѓански протест.

Почитувани колеги, достоинството и слободата немаат цена. Бидете истрајни и силни, затоа продолжете чесно, достоинствено и професионално согласно законот да ги вршите вашите обврски и не дозволувајте партиските директиви да бидат основата по која ќе ги извршувате вашите работни обврски и задачи.” , пишува Чулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Братот на зетот на Трамп за 12…

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…