Чулев ќе сведочи во случајот Рашковски?

t

Поранешниот министер за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев кој беше на функцијата како кадар на ВМРО-ДПМНЕ можно е да се појави како сведок на одбраната на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски кој е обвинет во случајот „Софтвери“, односно за незаконска набавка на софтвер за сообраќајни несреќи, пренесува Фокус.

Според неофицијални информации на Фокус, одбраната на Рашковски досега не го контактирала Чулев, иако Рашковски вчера најави дека токму тој ќе биде еден од предложените сведоци на одбраната во овој судски процес.

Неофицијално, ако Чулев добие покана да биде сведок за случајот, тој ќе се појави во судница и ќе сведочи. Фокус контактираше со поранешниот министер, но ни кажа дека не дава изјави за јавноста.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска на увид на улицата „Радишанска“ –…

Денес извршивме увид на реконструкцијата на улицата…

Божиновски: Сдсм во наредниот период ќе посети…

Сценаристот и режисер Божидар Божиновски реагира со…

(Фото) Монструмот, кој со секира уби четири…

Бразилските медиуми јавуваат дека убиецот е 25-годишниот…

Ковачевски: Избори ќе има во 2024 година,…

Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски…

(Фото) ПО ДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ПОЈАВИ ЌЕРКАТА…

Таа со својот сопруг Мајкл Булос беше…