Чулев ќе сведочи во случајот Рашковски?

t

Поранешниот министер за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев кој беше на функцијата како кадар на ВМРО-ДПМНЕ можно е да се појави како сведок на одбраната на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски кој е обвинет во случајот „Софтвери“, односно за незаконска набавка на софтвер за сообраќајни несреќи, пренесува Фокус.

Според неофицијални информации на Фокус, одбраната на Рашковски досега не го контактирала Чулев, иако Рашковски вчера најави дека токму тој ќе биде еден од предложените сведоци на одбраната во овој судски процес.

Неофицијално, ако Чулев добие покана да биде сведок за случајот, тој ќе се појави во судница и ќе сведочи. Фокус контактираше со поранешниот министер, но ни кажа дека не дава изјави за јавноста.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста до 11 часот е 12.78%

Излезеноста на претседателските избори во Македонија до…

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200…

По посета на две избирачки места претпладнево,…

(Фото) Грчката полиција се пошегува за сахарската…

Состојбата која владее во Грција во последните…

Руски заменик министер за одбрана уапсен поради…

Еден од дванаесетте заменици на рускиот министер…

Обвинителот Бајрами во 13:00 часот ќе ги…

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење…