Објавено на:

Шарл Мишел: Путин мора да биде поразен

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е повикан да се обрати пред Европскиот совет на самитот оваа недела, истакна претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Во интервју за Си-Ен-Ен пред самиот состанок во четврток, Мишел потврди дека предложиле да се обрати на самитот.

– Мора да се погрижиме Путин да биде поразен. Тоа мора да биде заедничка цел. Тоа е прашање за безбедност, за иднината на Европа и иднината на светот, рекол Мишел.

Тој исто така повеќе пати има разговарано со Зеленски и рускиот претседател од почетокот на специјалната операција, надевајќи се дека ќе им помогне да постигнат прекин на оганот.

– Многу е тешко, бидејќи не сме сигурни дека руската влада е искрена. Не сме наивни – мислиме дека се обидуваат да ја нападнат армијата за да ја зајакнат својата позиција во преговорите, рече тој.

Од друга страна, како што додава Мишел, мора да го сменат односот на силите за да му дадат подобра позиција на Зеленски во директните преговори со Русија. Состанокот на Европскиот совет е закажан за 24 и 25 март, а Украина е главна тема. Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека ќе присуствува на самитот во четврток за да разговара за Украина и трансатлантската соработка.

Мишел зборуваше и за санкциите, велејќи дека Европската унија мора да биде „паметна“ во однос на санкциите против Русија.

– Одлучивме да воведеме санкции без преседан против Русија, рече тој, додавајќи дека „тие се насочени кон олигарсите, насочени кон економските сектори во Русија“.

– Сепак, немаме сосема иста ситуација во Европа и во САД, на пример, секторот за нафта или гас. Ние во Европа сме многу позависни во споредба со ситуацијата во САД – рече тој.

Мишел рече дека „затоа мора да бидат паметни“.

– Целта е да се таргетира Русија, целта е да бидеме болни за Русија, но не и за нас – рече тој.

Мишел призна дека „премногу сме зависни од рускиот гас“. Сепак, тој додаде дека тоа не е скорешно сознание, посочувајќи го Европскиот зелен договор од 2020 година како долгорочно решение за прекумерно потпирање на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смртоносна зараза се шири во светот, тревога…

Смртоносниот вид на мајмунска сипаница е потврден…

Путин разгледува одговор на Русија на офанзивата…

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за ситуацијата…

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе…

Времето во следните денови ќе биде сончево…

Обид за убиство во Куманово, се скарале…

На 08.08.2024 СВР Куманово до Основното јавно…

Пентагон: Украинците може да го користат нашето…

Пентагон повтори дека украинскиот напад во руската…