Шаќири: Проблемот со учебниците е од порано, очекувам до ноември да се испечатат сите потребни учебници

t

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири вели дека очекува до октомври и ноември да се испечатени учебниците за да се овозможи нормално функционирање на наставата во училиштата.

-Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот.

Шаќири вели дека проблемот со учебниците е од порано и не е само во оваа учебна година.

– Кога почнав да ја вршам функцијата министер, граѓаните бараа беа печатените учебници да се вратат во процесот. Јас ја поддржав дигитализацијата но исто така реков дека ќе ги вратиме и печатените учебници, а за да тоа се случи потребно беше да се формира национална Комисија која треба да го има пред вид Законот за учебници. Комисијата веќе има одобрени учебници, завршуваме со процесот на жалби за економски оператор, а по затворање на овој процес и одобрување на учебници, очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, истакна министерот Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без повисоки плати, без дел од учебниците…

Од денеска започна учебната 2024/2025 година. Оваа…

Школската година ќе почне без учебници за…

Освен учебниците за странски јазици, по сите…

Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…

Во новата учебна година се запишале 500…

Конкурс за учебници нема, учениците од седмо,…

Откако Министерството за образование и наука објави…

Запрен конкурсот за издавање учебници за деветгодишно…

Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно…