Запрен конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образованиe
Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование е запрен бидејќи ќе следуваат измени и дополнувања на Концепцијата за основно образование. Оваа одлука е донесена согласно заклучокот од седницата на Владата од минатата недела, објави Министерството за образование.
Измените на Концепцијата, велат од МОН, се „во насока на соодветно изучување на научните дисциплини историја, географија, биологија, хемија и физика како посебни наставни предмети, а кои сега се изучуваат интегрирано во наставните предмети „Историја и општество“ и „Природни науки“ (од шесто до деветто одделение)“.
Во објавата за запирање на конкурсот кој е објавен пред три месеци, МОН го известува авторот односно авторите кои доставиле ракопис во архивата на Педагошката служба, заклучно со 8 јули 2024 година, дека тој може да се подигне од Педагошката служба најдоцна 15 дена од објавата на ова соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…
Националната комисија за учебници одлучи да повлече…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…