Швајцарија ќе донира 100 милиони швајцарски франци за отстранување на мините во Украина

t

Швајцарските власти денеска соопштија дека ќе одвојат 100 милиони швајцарски франци (околу 103 милиони евра) за отстранување на мините во Украина во периодот од 2024 до 2027 година.

Помошта ќе овозможи обезбедување опрема и обука на украинските деминери за хуманитарни цели, се наведува во соопштението на швајцарската федерална Влада.

Поради својот неутрален статус, Швајцарија не може да помогне во операциите за деминирање за воени цели.

– Украина денес се смета за една од земјите со најмногу мини и експлозивни направи во светот, истакна швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд претставувајќи го планот за финансирање.

Употребата на мини, противпешадиски или противтенковски, е широко распространета откако Русија окупираше дел од украинската територија во 2014 година и е значително зголемена од 24 февруари 2022 година откако почна руската инвазија врз Украина.

Една третина од територијата на Украина е контаминирана со мини и други експлозивни направи, што е околу 174.000 квадратни километри, површина поголема од Англија, Велс и Северна Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски почна да ја сузбива корупцијата за…

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одобри новиот…

Вашингтон Пост: Украина се мачи да најде…

Киев ја засилува граничната контрола додека десетици…

Путин: Раководството во Киев „полуде“

Прогонувањето на Русите од страна на украинските…

Шпанија издаде предупредување за финансирањето од ЕУ…

Финансиските ресурси на ЕУ за поддршка на…

Таткото на американскиот новинар затворен во Украина…

Гонзало Лира Сениор тврди дека Вашингтон бил…