Објавено на:

Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

t

На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно го отфрлија предлогот на десничарската Швајцарска народна партија за ограничување на населението на земјата на 10 милиони до 2050 година, според прелиминарните проекции на националниот радиодифузен сервис „SRF“, според кои околу 55 проценти од гласачите гласале против предлогот, а околу 45 проценти гласале за него.

Резултатот, според наводите на Ројтерс, покажува дека мнозинството граѓани ја дале приоритет на економската стабилност и односот на Швајцарија со Европската Унија, пред загриженоста за зголемената имиграција, за која некои веруваат дека ги оптоварува јавните услуги, ги зголемува трошоците за домување и придонесува за зголемување на криминалот.

Аналитичарот на агенцијата „GFS Берн“, Лукас Голдер, изјави дека излезноста била голема во урбаните средини поради неизвесноста околу можните економски последици и влијанието на евентуалното усвојување на иницијативата врз билатералните договори со ЕУ.

Референдумот, кој многумина го споредија со гласањето за Брегзит во Велика Британија во 2016 година, ги потресе бизнисите поради стравувањата дека би можел да резултира со крај на слободното движење на работна сила меѓу Швајцарија и ЕУ, нејзиниот главен трговски партнер.

Предлогот што го застапува десничарската Швајцарска народна партија предвидува бројот на жители да не надминува 10 милиони пред 2050 година и дека, доколку тоа се случи за две години, Швајцарија треба да го откаже договорот за слобода на движење со ЕУ. Швајцарија веќе има 9,1 милиони жители, а зголемувањето е многу побрзо отколку во соседните земји од ЕУ. Странците сочинуваат речиси 28 проценти од швајцарското население, а официјалните проекции предвидуваат дека земјата ќе достигне 10 милиони жители до почетокот на 2040-тите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…

На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…

Швајцарија сака да го ограничи бројот на…

Во Швајцарија се дискутира за горната граница…

Рекорден број затвореници во Швајцарија, затворите исполнети…

Бројот на затвореници во швајцарските затвори заклучно…

Гаши и собраниска делегација во посета на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со…

Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…

Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…