Шведска неделава официјално ќе стане членка на НАТО

t

Шведска ја прескокна последната пречка за влез во НАТО, откако унгарскиот парламент гласаше за предлогот за нејзино членство. Парламентарците во Будимпешта во понеделникот гласаа со 188 гласа „за“ и шест гласа „против“.

Пристапувањето на Шведска во Организацијата на Северноатлантскиот договор доаѓа во време на зголемена неизвесност предизвикана од изјавите на веројатниот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, за напуштање на безбедносните гаранции за европските земји, пренесува Политико.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој одржува контакт со рускиот претседател Владимир Путин и покрај притисокот од Западот, повеќе од 600 дена одбива да ја одобри кандидатурата на Стокхолм.

Сега сите земји-сојузници на НАТО го ратификуваа статусот за членство на Шведска. Церемонијата на подигање на шведското знаме се очекува во седиштето на НАТО во Брисел кон крајот на оваа недела. Финска влезе во НАТО пред помалку од една година.

Минатата година, руската амбасада во Стокхолм ја нарече Шведска „легитимна цел на руските одмазднички мерки“, додека Финска ја затвори границата со Русија, откако наводно открила „систематски и организирани“ напори на Москва да испрати африкански мигранти на финска територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…

Шведска бара работници, еве од кои професии!

И Шведска бара странски работници, објави schengen.news.  Шведска…

Кулеба: Украина не може да чека уште…

Ветувањето дека Украина ќе стане членка на…

СДСМ: Мицкоски на НАТО самитот беше маргиналец,…

Откако спадна прашината која ја креваше ВМРО-ДПМНЕ…