Шведскиот министер: Процесот за наш прием во НАТО е запрен, Турција е лута
Процесот на прием на Шведска во НАТО е запрен, изјави шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром.
Тој во изјава за „Експресен“ рече дека тоа се случило поради лутата реакција на Турција поради фактот што десничарскиот екстремист Расмус Палудан го запалил Куранот и поради демонстрациите во кои се критикува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Билстром изрази надеж дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во јули во Литванија ќе биде постигнат договор со Турција.
Ултрадесничарскиот политичар Расмус Палудан го запали Куранот на 21 јануари пред турската амбасада во Стокхолм, а вчера пред турската амбасада во Копенхаген. Тој додаде дека ќе продолжи со ваквите акции се додека Турција не го одобри членството на Шведска во НАТО.
Односите меѓу Шведска и Турција потоа се влошија, а турскиот претседател Таип Ердоган рече дека Шведска не треба да смета на турската поддршка за членство во НАТО.
Со оглед на настаните во Украина, на 18 мај минатата година Финска и Шведска поднесоа до генералниот секретар на НАТО барање за влез во Алијансата. Анкара првично го блокираше почетокот на разгледувањето на овие апликации, но на 29 јуни Турција, Шведска и Финска потпишаа трилатерален безбедносен меморандум кој ги зема предвид сите грижи на Анкара.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…