Објавено на:

Швеѓаните во паника: Руски авиони со нуклеарно оружје навлегле во нивниот воздушен простор

t

Шведската телевизија ТВ4 тврди дека руски авиони вооружени со нуклеарно оружје влегле во шведскиот воздушен простор.

Инцидентот, велат, се случил на 2 март. Вкупно четири руски воени авиони летале во близина на шведскиот остров Готланд, што Русите често го присвојуваат. Станува збор за два Сухои 24 и два Сухои 27. Два Сухои, според извори на оваа шведска телевизија, имале нуклеарно оружје. Се наведува дека сите четири авиони полетале од руската енклава Калининград.

Воените власти одбиле да ги коментираат информациите дека авионите биле вооружени со нуклеарно оружје.

Шведската војска го осуди нарушувањето на воздушниот простор.

„Ова го оценуваме како свесна акција. Тоа е многу сериозно, особено ако сте земја во војна“, рече началникот на воздухопловните сили Карл-Јохан Едстром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…