Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор за лажните филери и ботокс
Шест лица одат во притвор, осомничени за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс, а четворица во куќен притвор, соопшти Кривичниот суд. За останатите девет приведени лица,, судот определил мерки на претпазливост.
„Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, Обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост. Од останатите 9 предлози за притвор, судот уважи 6, а одби 3 и на овие 3 осомничени им определи мерка куќен притвор. Збирно од оваа акција во која предложени беа и мерки на претпазливост, судот на 6 лица им определи ефективен притвор, на 4 куќен притвор и определени се мерки на претпазливост на 9 лица“, информираат од Кривичниот суд.
Во акцијата спроведена во Скопје, Струмица и Битола беа приведени повеќе лица кои се сомничат за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс. Меѓу нив има и доктори од ГОБ „8 септември“ и Клиниката за дерматологија во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…
Шест лица одат во притвор, осомничени за…
ОЈО ГОКК ги терети за злосторничко здружување…
Во рамки на постапка за организиран илегален…
ОЈО: Татко прикажувал порнографски содржини пред својот…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Го киднапирале, па му рекле дека ќе…
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…
Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот…
Советот на јавните обвинители на денешната седница…