Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот на јавни обвинители ја констатираше оставката
Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје. Претседателот на Советот, Башким Бесими, информираше дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.
„Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска“, изјави Бесими.
По седницата, Бесими на прашањето како ги коментира причините за оставката на Ристоска рече дека нема да даде коментар за причините, бидејќи во согласност со законот Советот само констатира престанок на функцијата.
„Тоа е нејзина одлука. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Во согласност со законот, има право, во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме“, изјави Бесими.
Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител откако новиот републички јавен обвинител Ненад Савески ја тргна од предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ што ги водеше против актуелната владејачка ВМРО-ДПМНЕ. Пред тоа, Советот на јавни обвинители ја отфрли претставката на Ристоска во која таа се жалеше од политички притисоци од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…