Објавено на:

Шестмина обвинети во „Синџир“ признаа вина

t

Шестмина обвинети, меѓу кои и осомничениот за организирање на злосторничко здружување за даночно затајување и перење пари, Сашо Вучков, признаа вина на првото рочиште во случајот Синџир.

За останатите 11 обвинети судењето продолжува.

Тие се сомничат дека со издавање фиктивни фактури избегнувале да платат данок и го оштетиле буџетот за 490 милиони денари односно 8 милиони евра.

Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година.

Во меѓувреме истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено Решение за запирање на истрагата.

Согласно одредбите од Кривичниот законик за кривични дела на правни лица како главна казна се изрекува парична казна, а за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години, правното лице се казнува со парична казна до еден милион денари или ако делото е сторено од користољубие или е предизвикана штета од големи размери најмногу до петкратниот износ на предизвиканата штета или остварената корист.

На претходното рочиште обвинителството за случајот „Синџир“ се спогоди со дел од обвинетите и благодарение на тоа во буџетот се вратени еден милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…