Шестмина уапсени во Србија: Се преправале дека се 11-годишни девојчиња за да изнудуваат експлицитни видеа од деца
Српската полиција, во рамки на голема меѓународна полициска операција, лиши од слобода шест лица осомничени за педофилија. Како што соопшти српското МВР, тие се претставувале како малолетни девојчиња и со помош на сметки на социјалните мрежи собирале и комуницирале со „своите врсници“.
Во акцијата уапсени се К.Б.(41), државјанин на Русија, Д.В.(63) од Нови Сад, А.М.(51) од Зрењанин, Д.Р.(49) од Алексинац, С.Ф.(32) од Бор и Н.Т.(47) од Велика Плана.
Сите приведени се обвинети за кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетно лице за порнографија. Како што е наведено во официјалното соопштение, осомничените подолг временски период преземале, складирале и споделувале содржина создадена со експлоатација на деца за порнографски цели преку интернет.
Истражните органи откриваат дека особено загрижувачки е фактот што тие се регистрирале со лажни профили на социјалните мрежи и апликации, претставувајќи се како 11 и 12-годишни девојчиња, со цел да стапат во контакт со малолетници и да изнудат фотографии и видеа со сексуална содржина од нив.
Полицијата продолжува со истражните дејствија во соработка со меѓународните партнери за да се утврди точниот обем на злоупотребите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестмина уапсени во Србија: Се преправале дека…
Српската полиција, во рамки на голема меѓународна…
СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема…
Министерката за финансии Кочоска го потврди она…
УЈП: Апликацијата „МојДДВ“ утре ќе биде недостапна
Апликацијата „МојДДВ“ утре ќе биде привремено недостапна…
Европската комисија не ја исклучува можноста за…
Европската комисија денеска не ја исклучи можноста…
(Видео) Австралиската полиција заплени рекордни 2,7 тони…
Кокаинот, чија улична вредност се проценува на…