СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?
Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци. Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината, реагираат од СДСМ.
„Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните. Буџетот го претворија во приватна каса за своите криминални тендери. Продблачочувањето на дефицитот значи само едно – следуваат нови задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги. Ветуваа дека ќе го намалат јавниот долгот, а наместо тоа за две години го зголемија за над 2,5 милијарди, со што нивото на јавниот долг достигна скоро 11 милијарди евра“, велат од опозициската партија.
Од таму обвинуваат дека парите не завршиле во повисоки плати или мерки, туку во криминални тендери.
„Вистината е дека овие пари не отидоа ниту за повисоки плати, ниту за мерки за граѓаните, ниту за компаниите, ниту за капитални инвестиции – завршија во криминалните партиски тендери на криминалната ВМРО. По две години, по сите триумфалистички изјави на ВМРО за наводен економски раст и успешни економски политики, денес вистината сите ја гледаат и чувствуваат. Со Мицкоски и ВМРО економијата оди кон пропаст“, стои во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…