„Шест недели нема објавен извештај за водата во Гостивар“, велат од СДСМ
Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, јавноста сè уште нема целосен извештај со резултатите од анализите на водата, обвинуваат од СДСМ преку соопштение.
Од партијата посочуваат дека поминале и десет дена откако премиерот Христијан Мицкоски се вратил од странство и најавил дека инсистира извештајот да биде објавен, но документот сè уште не е достапен за граѓаните.
Според СДСМ, досега имало повеќе различни информации за состојбата со водата – од предупредувања и забрани за користење, преку препораки да се користи само како техничка вода, до тврдења дека водата е безбедна за пиење.
Од опозициската партија прашуваат зошто целосниот извештај не е објавен и кој ја утврдил и потврдил безбедноста на водата.
„Што се крие од граѓаните? По 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени, зошто граѓаните не можат да добијат целосен документ?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата бараат информациите за безбедноста на водата да бидат објавени во еден целосен извештај, со сите резултати од анализите и потписи од одговорните лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Шест недели нема објавен извештај за водата…
Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во…
Македонија го има едно од најголемите наоѓалишта…
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…
Хегсет: САД не ја исклучуваат употребата на…
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, изјави…
Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…
„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…
Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…
Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…