Шилегов натрупал долгови во Лајка од над 10 милиони денари

t

СДСМ пласираат лажни вести во јавноста, а знаат во каква состојба ги остави јавните претпријатија Петре Шилегов кој беше градоначалник од нивните редови.

Граѓаните треба да знаат дека ЈП Лајка и неговата незавидна финансиска состојба е последица на неодговорното работење на претходното градско раководство. Претпријатието е руинирано, оставено со наследени долгови во износ над 10 милиони денари. СДСМ треба да го праша својот кадар претходниот градоначалник Шилегов зошто во ЈП Лајка биле ненаменски трошени средствата за редовно работење, зошто редовно не биле наплатувани средствата од скопските општини според трипартирните договори,и зошто без мерка се трошеле парите на граѓаните со што е доведено претпријатието во милионски долгови.


Лошото управување и трупањето на долгови без мерка е одлика на претходното градско раководство. Работата на кадарот на претходниот градоначалник резултирало со над десет милиони денари натрупани долгови само за ова јавно претпријатие.

Лага е дека во ЈП Лајка нема хуман третман на уличните кучиња, напротив, кучињата се третираат на најсоодветен начин, но и се работи на консолидација на претпријатието кое претходното раководство го довело до раб на пропаст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Барселона: Се судрија два воза,…

Едно лице загина, а 85 се повредени…

Села: Мислам дека ќе имаме избори во…

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на…

ЕУ одобрува дополнителни 500 милиони евра за…

Министрите за надворешни работи на ЕУ се…

(Фото) Украинско Арачиново: Повредените војници од Азовстал…

Автобуси со заробени милитанти од полкот „Азов“…

Секој со своја желба: Села бара осум…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села…