Шин Бет потврди: „Синот на Нетанјаху итно евакуиран“
Претставник на израелската контраразузнавачка служба Шин Бет потврди дека постоела сериозна безбедносна закана по Џаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поради што тој итно бил вратен од САД во Израел.
Претставник на Шин Бет изјави за израелската телевизија Канал 12 дека, по проценка на безбедносниот тим, била донесена одлука Џаир Нетанјаху итно да биде евакуиран заедно со неговото обезбедување.
Деталите за заканата не се соопштени, но потврдата од израелската безбедносна служба уследи по извештаите дека Џаир Нетанјаху наводно бил цел на ирански заговор за атентат во декември 2025 година, додека живеел на Флорида.
Според претходни извештаи, израелските разузнавачки служби тогаш наводно утврдиле дека ирански оперативци биле во областа на Мајами и го следеле движењето на синот на израелскиот премиер.
Откако бил предупреден за опасноста, Џаир ја напуштил Флорида и се вратил во Израел.
Самиот Бенјамин Нетанјаху претходно зборуваше за наводен обид на Иран да убие еден од неговите синови.
„Иран целеше на еден од моите синови. Иран се обиде да убие, да ликвидира еден од моите синови“, изјави Нетанјаху во телефонско интервју за израелскиот Канал 14.
Иако тогаш не го откри идентитетот на синот кој наводно бил цел, подоцнежните извештаи го идентификуваа Џаир како лицето на кое се однесувала заканата.
Шин Бет сега потврди дека заканата била доволно сериозна за да биде потребна итна реакција и враќање на Џаир Нетанјаху во Израел.
Сепак, службата не прецизираше кој стоел зад заканата, ниту на кој начин наводниот напад требало да биде извршен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шин Бет потврди: „Синот на Нетанјаху итно…
Претставник на израелската контраразузнавачка служба Шин Бет…
Цената на златото нагло падна, среброто поевтини…
Цената на златото забележа остар пад, по…
Дел од дрон заврши на плажа во…
Дел од дрон бил пронајден во близина…
ДУИ: „Зошто ВЛЕН не се осмелува да…
Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција,…
Властите во Непал предупредуваат за можни нови…
Непалските власти денес предупредија за можноста од…