Објавено на:

Шолц до Путин: Да се прекине огнот во Украина во најскоро време

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонскиот разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател што побрзо да се согласи на прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на германската Влада.

Шолц го потсетил Путин и на одговорноста на Москва за глобалната ситуација со храна.

– Примирјето е неопходно да се подобри хуманитарната ситуација во Украина и да се овозможи напредок во изнаоѓање на дипломатското решение за судирот, истакна портпаролот на германската Влада.

Претходно Кремљ соопшти дека Путин во телефонскиот разговор со Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“.

– Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шолц: Нема враќање на економијата на пред…

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од самитот…

Шолц: Санкциите ни штетат и нам, но…

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин…

Шолц со пофалби за политиката на Меркел:…

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали политиката…

Шолц ја поддржа политиката на Меркел кон…

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали политиката…

Шолц планира да ги поттикне другите членки…

Европската унија треба да го олесни пристапувањето…