Шпанија се плаши од Албанците: Многу се насилни, тоа не го покажуваат јавно
Властите во Шпанија се во состојба на готовност поради албанската мафија за која велат дека го контролира најголемиот дел од трговијата со марихуана, пишува албанскиот портал Balkanweb.
Албанската мафија дојде вп Шпанија во 90-тите години на минатиот век, каде стана позната по трговија со луѓе и хероин. Меѓутоа, со текот на годините, овие опасни криминални организации, од кои некои беа од Албанија и Косово, станаа софистицирани и се проширија на речиси целата територија и не само што го презедоа раководството на трговијата со дрога во Шпанија, туку се проширија и во Велика Британија и Екваторот.
Од полицијата во Шпанија велат дека албанските банди имаат поставено плантажи насекаде, инвестицијата во нив е многу мала, но нивниот профит не е воопшто мал.
„Албанските кланови присутни во Шпанија досега се однесуваа многу подискретно во споредба со другите меѓународни мафии. Оние кои се посветени на трговијата со дрога се држат повлечено, и иако се многу насилни, тоа обично не го покажуваат во јавноста. На тој начин тие може да помине незабележано и да продолжат да произведува марихуана во големи размери, а потоа да ја увезуваат во Европа“, пренесуваат шпанските медиуми.
Се смета дека албанските кланови ја добиле довербата од сите меѓународни криминални организации, пред сè поради стравот што го предизвикуваат. Но, тие постојано беа попречувани од страна на државните безбедносни сили, а секоја недела има акции против нарко-кланови и апсење на членови на банди со албанско потекло.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…
„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…